Две нови авиолинии од скопскиот аеродром

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Две нови авиолинии од скопскиот аеродром

ТАВ Македонија денеска го прослави заминување на првиот лет на Виз ер од Меѓународниот аеродром Скопје до Баден – Баден, аеродромот Карлсруе во Германија, одбележувајќи го отворањето на двете нови редовни авиолинии до Баден – Баден и Бремен, како и поставувањето на петтиот воздухоплов на авиокомпанијата во нивната база на скопскиот аеродром.

Првиот лет до Баден – Баден, со Ербас A 321 со вкупен капацитет на седишта за 235 патници, полета во 11:55 часот и ќе пристигне назад во Скопје во 17:05 часот. Рутата до овој германски град, познат како спа-центар во југозападниот дел од државата близу до границата со Франција, ќе биде опслужувана два пати неделно, секој вторник и сабота.

Утре, 20 март, во 11:50 часот, на скопскиот аеродром ќе пристигне првиот лет од Бремен, еден од најпопуларните германски градови во северниот дел од државата, познат како голем економски и културно-историски центар. Авион од типот Ербас А320 на Виз ер со 189 седишта, ќе лета на оваа рута два пати неделно, во среда и недела, полетувајќи од Скопје во 6:05 часот и заминувајќи за Бремен во 11:50 часот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата