ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО ГЛАВА од сумата што ја заработи „Градски паркинг“

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО ГЛАВА од сумата што ја заработи „Градски паркинг“

Минатата година Јавното претпријатие „Градски паркинг“ заработило над 2,4 милиони евра или точно 147.115.268 денари, што е за 11.686.703 денари повеќе во однос на 2017 година.

Најголем пораст на приходите претпријатието имало во делот на зонското паркирање, додека приходите од затворени паркиралишта и катни гаражи останале речиси непроменети во споредба со претходната година.

Од Град Скопје велат дека омилен начин за плаќање паркинг на граѓаните на Скопје и натаму е плаќањето преку СМС-порака, што се должи на едноставноста и брзината со која се реализира плаќањето.

ЈП „Градски паркинг“ имал пораст на приходите и во секторот „пајак“, односно во 2018 година овој сектор остварил приходи од 25.213.459 денари, што е за 11,61% повеќе во однос на претходната година.

„Добивката која ова претпријатие ја остварило на крајот на 2018 година изнесува 13.984.799 денари. Согласно со овој извештај, добивката на претпријатието остварена во 2018 година е резултат на зголемувањето на приходите во секторите јавни паркиралишта и пајак, како и на следењето и контролата на висината на трошоците“, велат од Град Скопје.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата