Обвинение за разбојник кој на драматичен начин ограбил мобиларница на Бит-пазар

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обвинение за разбојник кој на драматичен начин ограбил мобиларница на Бит-пазар

Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против едно лице кое се товари дека сторило кривични дела разбојништво и тешка кражба.

Како што информираат од Обвинителството, на 23 јануари годинава во придружба на уште едно лице, влегол во продажен салон на оператор на мобилна телефонија во близина на Бит Пазар и со употреба на сила и сериозна закана по животот на еден од вработените, од него одзел 96.500 денари.

Обвинетиот претходно ја разгледал поставеноста на безбедносните камери и проверил колку вработени се присутни во продажниот салон, а потоа се обидел да украде изложен мобилен телефонски апарат, по што се вклучил безбедносниот звучен аларм.

Во тој момент обвинетиот излегол од продавницата и го натерал другиот кој било со него да ги заменат со јакните.

Дополнително маскиран со качулка и марама, се вратил во салонот и извадил пиштол со кој му се заканил на вработениот, побарал од него да ја отвори касата и ги одзел парите.

На 25 јануари годинава во непосредна близина на казино во Бутел, обвинетиот со употреба на сила и сериозна закана по животот на една жена и одзел на истата паричник во кој имало лични документи и 200 денари. Притоа вербално и се заканувал за да ја принуди да му ги даде парите и сторил кривично дело тешка кражба.

Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител предложил на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор, а лицето кое било со него во првиот настан е ослободено бидејќи не биле пронајдени докази дека е соизвршител во разбојништвото.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата