Компанијата Xiaomi го претстави својот нов гејминг смартфон наречен Black Shark 2, а уредот донесува значајни подобрувања за екранот и перформансите.
Super AMOLED екранот има големина од 6,39-инчи и креиран е од Samsung. Благодарение на оптимизациите, инпутот на латенции е намалена на 43,5 ms. Исто така, дисплејот е осетлив на притисок, а Magic Press овозможува мапирање на копчињата од левата и десната страна на екранот, кои потоа можат да се покренатѕ со посилен притисок на екранот. Јачинот на притисокот може да се оптимизира.
Споменатиот екран е 1080p+ со HDR поддршка и DCI-P3 распон на бои. За да се обезбеди боите да бидат прецизни, тука се четирите сензори на амбиентално осветлување, кои му помагаат на процесорот да го набљудува опкружувањето и го подесува екранот според нив.
Black Shark 2 има два предни стерео звучници, а сензорот на отпечаток од прст во екранот е секогаш пристапен. Телефонот е опремен со голема батерија од 4000mAh, со поддршка за 27W брзо полнење.
извор: USB.mk