Шилегов и се додворувал на Јоци?! – закажувал состаноци во инбокс! (ФОТО)

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шилегов и се додворувал на Јоци?! – закажувал состаноци во инбокс! (ФОТО)

Бива да се возиме ? Пиши во инбокс, закажи, нема да ти биде првпат му напиша Јорданка Ивановска Јоци на Петре Шилегов.

Градоначалников скопски со фаца ала Џон Вејн ни порачал од тротинетот , на нас кои го плаќаме, да не се мрзиме секој ден.

 

Фала богу уште имаме одлична смисла за хумор, и покрај катастрофалното владеење на СДСМ, па пресмешкиве негови ќе ги сместиме во рубрика – ,,вицотека и други промискуитети”.

 

Туку, го предизвикувам ,,спортистов” кој се слика на електро-тротинет пред претседателски избори, а пред локални се сликаше на точак на кеј. И оттогаш не се симна од кола.

 

Петре, елај си на точак, јас и ти, да видам дали и како ќе извозиш од Градско собрание до Радишани. И да не’ снимаат.
Значи, 10 километри до таму и назад =20 километри.
Под 1. Провери си ја кондицијата, да не поцркаш негде попат.
Под 2. Самиот да си видиш колку и дали има инфраструктура на наведената релација, па што ги повикуваш скопјани на ,,здрав” живот.
Каде да возат ? На улица ?
Ќе пројдеме од ѓубриштата и румби тумбите во Визбегово, висините на бул.Словенија, ќе ти ги покажам депониите во таа околина, ќе пројдеме од Топаана и Бутел (има угорнини и тука, и ѓубре, може и кола да не’ згази), па ќе одиме до Радишане, да видиш што се’ има попат.

 

Бива да се возиме ? Пиши во инбокс, закажи, нема да ти биде првпат.
Секако дека нема да закажеш. Немаш кондиција, све ти е, брате – поза.

Ајдееее , Петрееее…најбољи си. Не се плаши !, напиша Јоци на Фејсбук.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата