(Видео) Жестока тепачка во авион, главата на мажот беше крвава

18.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Жестока тепачка во авион, главата на мажот беше крвава

Патниците на летот од Глазгов до Тенерифе беа сведоци на жестока борба во авионот. Инцидентот се случи вчера изутрината.

Тепачката меѓу двајца мажи ја сними еден од патниците, а на снимката се гледа како мажите се тепаат по што едниот си оди со крвава глава. Патниците тврдат дека едниот маж му го „одгризол носот” на другиот, според „Сан“.

Еден од сведоците откри дека тепачката настанала поради однесувањето на пијаниот патник. Екипажот ја контактирал полицијата, која мажите ги пречекала на аеродром и ги привела.

„Авионот слета нормално, а полицијата приведе две лица”, рече портпаролот на „Рајанер“.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата