Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се „поднови“ со базен

18.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се „поднови“ со базен

По деветгодишна пренамена, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ реновиран и повторно пуштен во употреба е базен, кој им се става на располагање на граѓаните.

„Моето задоволство е огромно, се чувствувам исполнет, бидејќи со ова што се случува денес, го прошируваме капацитетот на најдобриот пливачки базен во нашата држава, правиме нешто со кое базенот по деветгодишна пренамена од базен во сала за бокс беше крајно нерентабилен, како и несоодветен простор за изведување на тренинзи од таков тип, без обезбедување на основните човечки услови за такви тренинзи“, изјави директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Александар Петровски.

Како што информираат од спортскиот центар, базенот ќе биде наменет за сите рекреативци кои го посетуваат овој објект, за сите оние кои сакаат да научат да пливаат, да инвестираат во своето здравје, како и во здравјето на своите деца. Целиот дел е опремен со соодветни туш кабини и тоалети, а секој родител ќе може одблизу да го следи тренингот на своето дете, релаксирајќи се со кафе.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата