Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

18.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесетиедногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл и се судрил со автомобил. Несреќата се случила се случила кога „Ауди“ се судрило со мотоцикл „Кавасаки“ кој го управувало сега починатото момче.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Во слична сообраќајна несреќа вчера загина и 30-годипен мотоциклист од Скопје. Несреќата се случила на автопатот Градско – Велес, во близина на место викано „Усек“, кога мотоциклистот се судрил со комбе „Мерцедес Спринтер“.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата