КОГА ШАЈКАЧАТА ЌЕ СЕ СТАВИ НА ТАЈКУНСКА ГЛАВА. Кој се и што се лидерите на српските протести Бошко Обрадовиќ и Драган Ѓилас

17.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОГА ШАЈКАЧАТА ЌЕ СЕ СТАВИ НА ТАЈКУНСКА ГЛАВА. Кој се и што се лидерите на српските протести Бошко Обрадовиќ и Драган Ѓилас

Претседателот на српскиот Двери, Бошко Обрадовиќ, роден во 1974 година во село Враниќи кај Чачак, дипломиран филолог е еден од тројцата лидери на најновите протести во Белград испратил до претседателот на Руската Федерација Владимир Путин писмо во кое тој му изразува добредојде на Путин во Србија, пред последната посета на рускиот претседател на Белград.

Во писмото, според Двери, се вели дека "обврска им е да го информираат" Путин во врска со фактот дека сегашната влада во Србија сака да го злоупотреби неговото доаѓање за политички цели и да ја презентира посетата дека Путин ја поддржува власта, а не Србија.

Тој во писмото го нарекува Путин “лидер на слободарскиот дел од светот, на почитување на меѓународното право и еднаквост меѓу народите".

Обрадовиќ  му пишува на Путин дека на српските власти не треба да им верува, бидејќи, како што вели тој, подготвени се да тргуваат во своите територии, како што тоа го правел претседателот на Србија за Косово и Метохија, вели Обрадовиќ во своето писмо до Путин. 

Тој истакнува дека доколку Путин во агендата на посетата нема и обраќање во српскиот парламент треба да знае дека причината што актуелната влада очигледно сака да го спречи неговиот состанок со други политички опции во Србија и да ја дознае вистината за Косово и Метохија.

- Трагикомично кога лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, најголемиот обожавател на фашистичкиот соработник Димитрије Љотиќ му пишува на Путин, го велича, и бара средба со него, со лидерот на антифашизмот... изјави по овој повод Марко Ѓуриќ, потпретседател на Главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) на која лидер и е претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Организацијата Двери, која со група истомисленици Бошко Обрадовиќ ја основа за време на студирањето кон крајот на 2016 година, го потпиша глобалниот антигеј манифест на тогаш настанатата Меѓунарона организација за семејството. Се промовираше себе како лут противник на хомосексуалците, предводејќи и физички напади врз нив за што по социјланите мрежи доби поддршка од навивачки групи и многу мал дел од политичката јавност.

Така, денешниот лидер (заедно со ологархот Ѓилас) на српските протести претежно во Белград влезе во политиката преку - сексот како главна тема, а зад него одеа преставници и активисти на насилните навивачки групи од градската периферија, не толку оние на Звезда и Партизан, колку на малите белградски клубови како Рад и поранешен ОФК Беорад.

Потоа во ноември 2017 година во опозицискиот весник Данас побара да им се одземе правото на граѓани на Санџак да се нарекуваат себеси Бошњаци... во парламентот, каде е пратеник, често прави насилни инциденти а во една прилика со маус гаѓал по пратеикот на СНС Александар Мартиновиќ. Го влечеше за вратоврската пратеникот на Српската напредна странка СНС Марко Атлагиќ.

Бошко Обрадовиќ бара секоја прилика, често и надвор од добриот вкус, да се појави пред теливизиските камери најчесто преку предизвикани инциденти, скандали или дури и закани до новинарите ако не земат изјава од него за било кое политичко или општествено прашање. 

На последните парламентарни избори во Србија, во 2016 година, Бошко Обрадовиќ успеа да влезе во парламентот. Двери во коалција со ДСС, партија на поранешниот српски претседател Војислав Коштуница, едвај го поминаа цензусот освојувајќи 5,04% од гласовите, и 13 пратенички места за коалицијата во парламентот со 250 пратеници.

Лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ бара “морална и духовна обнова на Србија, а не само смена на власта“. Модел за таа обнова, според Обрадовиќ, е политиката на Димитрије Љитиќ.

Димитрије Љотиќ бил адвокат и министер за правда во Кралството Југославија, и лидер на движењето ЗБОР (Собир) активно во време на Кралството Југославија (од 1935.), и за време на германската фашистичка окупација. Збор било движење кое барало исклучување од политиката на Евреите, масоните и нехристијаните. Укинување на повеќепартискиот систем и апсолутна власт на монархот. Во Кралството Југославија Збор на избори освоиле само околу 1% од гласовите.

Со влегувањето на нацистите во Кралството Југославија Германците му предложиле на Љотиќ да формира влада, ни тој одбил поради малата популарност која ја имал, и го предложил Милан Недиќ за тоа место. Раководел со специјалните воени одреди од млади Срби кои биле во состав и функција на нацистичките војници во Србија за време на окупацијата...

Тоа е политиката на Бошко Обрадовиќ. лидер на Двери и протестите во Белград кои викендов преминаа и во насилни.

Протестите имаат два постојани лидери: Бошко Обрадовиќ и српскиот тајкун Драган Ѓилас, поранешен градоначалник на Белград и еден од најбогатите Срби кој богатсвото го стекнал додека бил на власт, како и во соработка со разни српски власти и провладини медиуми (како Б92, Пинк и РТС) преку мрежа негови маркетинг агенции, трговски и консалтинг фирми. Преку располагањето со десетици милиони евра годишно за маркетинг Драган Ѓилас има исклучително големо влијание врз работата на медиумите во Србија кои се приморани на таа соработка за потреба на неговите политички проекти.

Според податоци на порталот krik.rs кој е гласило на Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCRP) Драган Ѓилас располага со соптвеност - околу 1.000 квадратни метри станбен простор на скапи локации во Белград каде цените се од најмалку 3.000 евра за квадрат што, само по тој основ, е богатство од над 3 милиони евра во станови. Кон ова порталот наведува и друг негов недвижен имот: Деловна зграда Мултиком Груп во вредност од 5,5 милиони евра, куќа на Дедиње од 600 метри квадратни со неутврдена вредност поради ексклузивноста. Неговата фирма Мултиком (како и Дајрект Медиа) имаат уште една куќа од 136 квадратни метри и станови над 600 квадратни метри со вредност од најмалку 4 милиони евра сметано по цени за деловен простор во Белград.

Капиталот на фирмата Мултиком на Драган Ѓилас според наведениот извор, извештај од 2016 година, бил над 18,3 милиони евра, а кон ова дополнително и капиталот на неговата компанија Мутиком Опен во Швајцарија од 3,7 милиони евра. 

Богат е и неговиот брат Гојко Ѓилас кој се јавува како сопственик на Оф шор компанијата Comodos Corporation LLC од Делавер (САД) 

Епитетот “тајкун“ за Ѓилас не е авторство на сегашната власт на Александар Вучиќ, туку е квалификација која му ја дале неговите поранешни колациски партнери од ЛДП на Чеда Јовановиќ уште од времето кога Ѓилас бил градоначалник на Белград, и кога неговите политички осјузници тврделе дека ги злоупотребува медиумите преку маркетинг пари, дека има сопственост во весникот Прес и телевизијата Б92, РТС и Пинк, и дека преку неговите фирми и власта во градот се стекнал со богатство кое неговата фирма Мултиком ја издигнала до 28-мо место според успешност во Србија. 

Лидерството на протестите во Белград е комбинација на младиот момак од провинцијата кој сака да се слика пред камери по секоја цена, и чија политичка опција се фашистите на Димитрије Љотиќ, и тајкунот Драган Ѓилас, поранешен претседтаел на Демократската партија на Србија основана од заколнатиот антифашист, професорот Драгољуб Миќуновиќ и демократот Зоран Ѓинѓиќ, антифашист по дефиниција.

Колку оваа провинциско фашистичка и тајкунско медиумска коалиција ќе даде резултат со и по протестите останува да се види во блсика иднина, најдоцна до мај-јуни годинава.

 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата