Вучиќ ГО ОПОМОЕНА МИНИСТЕРОТ ЗА ПОЛИЦИЈА и најави АПСЕЊА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ СО МОТИРНИ ПИЛИ

17.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ ГО ОПОМОЕНА МИНИСТЕРОТ ЗА ПОЛИЦИЈА и најави АПСЕЊА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ СО МОТИРНИ ПИЛИ

Српскиот перетседател Александар Вучиќ изјави дека државата не толерира насилство и истакна дека ќе одговараат сите кои учествувале во насилствата за време на синоќешниот упад во РТС. Најави казни, законска одговорност за насилниците, особено за оние кои во РТС влегле со моторни пили а кои се веќе идентификувани.

Вучиќ изјави дека очекува поддршка само од својот народ и не го интересираат реакции на западни амбасади.

– Во Македонија Чавков го осудија 18 години затвор затоа што не ги запред демонстранстите кои влегоа во собранието, би можеле да размислуваме за одговорност на Небојша Стефановиќ што дозволи да упаднат фашистите Бошко Обрадовиќ и други во РТС. Но, сметам дека Стефановиќ и полицијата мислеле дека имаат работа со одговорни луѓе и дека такво нешто нема да им падне на памет, рече тој.

Вучиќ додаде дека очекува поддршка од својот народ, „а западните амбасади нека си ја работат својата работа“ во која тој нема да се меша. 

Прекршочен суд во Белград денеска осуди на затворска казна од 30 денови едно 19-годишно момче за кршење на Законот за јавен ред и мир во врска со упадот синоќа во зградата на РТС.

Милан Мариновиќ, претседател на Прекршочниот суд, изјави за Танјуг дека момчето било осудено по итна постапка заради прекршок – „дрско и безобразно однесување извршено во група“.

Тој ќе биде испратен веднаш во затвор за извршување на казната бидејќи жалбата на таа одлука не го одложува извршувањето, но, секако, има право да се жали, додаде Мариновиќ.

Тој истакна дека во Прекршочниот суд има уште четири лица и дека до крајот на денот судот треба да донесе одлуки за нивните предмети.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата