Николоски: Со победата на Сиљановска имаме повеќе гаранции за зачувување на националниот идентитет

16.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: Со победата на Сиљановска имаме повеќе гаранции за зачувување на националниот идентитет

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчера се обрати на центарлниот одбор на партијата ПОДЕМ, со која имаат долгогодишна соработка, како додека беа на власт, така и сега кога се опозиција.

Николоски посочи дека сега ВМРО-ДПМНЕ е реформирана и ребрендирана партија, со нов тим, кој што има чисто минато и квалитет.

На централниот одбор на ПОДЕМ, Николоски даде осврт на внатрепартиската процедура за избор на претседателски кандидат и повтори дека професорката Гордана Силјановска Давкова, која е надпартиски кандидат, е лик кој што може да обединува, како членови и симпатизери на нивната партија, така и членови на други партии и незадоволни граѓани.

– Победата на претседателските избори е знчајна, пред се, за зачувување на националното достоинство на овој народ, кој што на дневна основа се брише и му се брише идендитетот. – кажа Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е сигурен дека Силјановска е вистинскиот избор за претседател и очекува победа.

– Вчера имав можност да се обратам на централниот одбор на политичката партија ПОДЕМ, партија со која имаме долгогдишна соработка.

 

Обединети, сплотени и силни ќе победиме на следните претседателски, а потоа и на предвремени парламентарни избори. Победата на претседателските избори е значајна пред се за зачувување на националното достоинство на македонскиот народ. – напиша Николоски на Фејсбук.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата