Младенова: Се надевам дека ќе дознаеме што се случи со Никола Младенов, и дека случајот на Бучковски нема да застари

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Младенова: Се надевам дека ќе дознаеме што се случи со Никола Младенов, и дека случајот на Бучковски нема да застари

Младенова не само што беше сопруга на Никола Младенов, но и долго години го водеше маркетингот на Фокус и беше директор, а сега е шест години е сопственик на брендот.

Има ли нови моменти за истрагата за сообраќајната несреќа на Никола Младенов. Владата на Заев во програмата од 2017 година стави дека институциите ќе помогнат за неколку судски процеси да се дознае вистината, но овие две години не е спомнат случајот.

„Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат претходната фактичка состојба дека Никола загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина, согласно условите на патот. Јас ја разбирам добрата намера на сегашната влада. Луѓето ја изгубија целосно довербата во институциите на системот.

Тоа дополнително ги подгреваше сомнежите не само за сообраќајната несреќа на Младенов. Тоа не беше констатација само на граѓаните, туку и од целокупниот меѓународен фактор, добивме оценка дека нашиот правен систем е урнисан и имаме заробена држава. Да бидам децидна. Причината за трагичната сообраќајна несреќа е брзината. Апсолутно немам сомнеж дека стои нешто покрупно“, рече Младенова.

Сопругата на Никола Младенов, Билјана во гостувањето во Отворено Студио 1 отворено зборуваше за драконската казна која ја добил за клевета, а за која не ги искористил сите прави лекови, па на крајот ја платил казната.

Го спомена периодот 2004 и 2005 кога СДСМ е на власт, тогаш Младенов беше осуден за клевета на Црвенковски и Костов со текстот за швајцарските сметки. Казните беа драконски. Постоеше ли можност да згасне Фокус?

„Реална можност не, но шокот кај Никола настана од превисоката изречена казна. Беше свесен дека не само обвинет, дека ќе биде осуден. Но, тоа е еден од механизмите. Како различни власти различни механизми користат за да уништат одреден медиум. Во овој случај сигурна сум дека со драконската казна сакаа да го уништат весникот.

Не успеаа во тоа.  Никола не ги искористи сите правни лекови, бидејќи тука имаше недоречености кој последен да одлучува Врховниот или Уставниот суд. На крајот ја плати казната. Ден денеска не ми е јасно зошто едната е 20, а другата 30 илјади евра и по кој критериум еден ужива поголем, а друг помал углед. Никола не се покаја за текстот, ја постигна целта.

„Јас во ова време ќе кажам дека е ред одредени судски процеси, на пример за резервните тенсковски делови да завршат со цел да ја дознаеме вистината и да не застарат. Јас сум повеќе од свесна дека луѓето ја имаат изгубено довербата во судството, но искрено се надевам дека ќе имаме привилегија да ја дознаеме вистината за господинот Бучковски“, рече Младенова.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата