Кабинетот на Иванов: Антикорупциска ДА ГО ИСПИТА ИМОТОТ НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кабинетот на Иванов: Антикорупциска ДА ГО ИСПИТА ИМОТОТ НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ

„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, изразува благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба. Претседателот Иванов порачува дека чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат.

Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија,  онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов“, стои во реакцијата од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

Антикорупциската комисија ќе врши проверка на имотната состојба на претседателот на државата Ѓорге Иванов, за да утврди каква промена во имотот има тој на два месеци од завршување на неговиот 10 годишен мандат. Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска информираше дека постапката ќе се води по допрен глас.

Телевизија 24 вчера објави дека на име на синот на претседателот се купени два стана на Водно во зграда која се уште е во градба.

За предметот на Антикорупциска поврзан со предизборните именувања и унапредувања во Армијата од претседателот Иванов, таа рече дека добиле одговор од кабинетот на претседателот во кој биле цитирани членови од законот за тоа кои се неговите надлежности при назначувањата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата