ЌЕРКАТА НА ЧЕНТО ЗА ВНУКОТ: Се повторува болната историја во ова револуционерно семејство

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЌЕРКАТА НА ЧЕНТО ЗА ВНУКОТ: Се повторува болната историја во ова револуционерно семејство

Пресудата од 15 години затвор за Јане Ченто во случајот „27 април“ болно одекна во неговиот роден град, Прилеп, јавува дописничката на ТВ Алфа. 

Бабата на Јане Ченто, Марија Јакимоска – Ченто, ќерка на првиот претседател на АСНОМ Методија Андонов Ченто, видно вознемирена во краткиот телефонски разговор за Алфа вели дека не е во состојба да дава изјави, а не можела ниту да го гледа изрекувањето на пресудата на Јане, бидејќи, како што рече, болната историја на ова револуционерно семејство, продолжувала да се повторува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата