БУГАРИТЕ МУ ГО СВРТЕА УМОТ НА СЛАТКАР: Кога не му оди крив му е Панчо

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БУГАРИТЕ МУ ГО СВРТЕА УМОТ НА СЛАТКАР: Кога не му оди крив му е Панчо

Во вчерашното гостување во емисијата „Екслузив“ на телевизијата 1ТВ музичарот Слаткар изјави низа навреди, небулози и погрдни зборови против пејачот на „ДНК“, Панчо.

„Човекот е таму негде работи само на заебување на се друго, е таков како што бил пред 20 години ништо не сменил и пак некако влага лиже, пуши, зима пари, чекај мекај. Тоа мора да се смени. Класичен пример за човек вработен во администрација со врски. Он не знае ни да рапува ни да пее“, кажува Слаткар во своето гостување.

“Он се што има направено има направено врз база на братче, те молам, дај, к*р у уста, лижи овде, пуши таму и тоа е тоа“, кажува Слаткар

На ова реагираше Панчо кој на фејсбук напиша статус каде со „сочни“ детали открива низа скандали за кариерата Слаткар.

Панчо во реакцијата потенцира дека „Неталентираниот“ од ДНК како што го нарекува Слаткар во гостувањето полни повеќе клубови и сали и потенцира дека вториот и последен обид на Марко Слаткар да направи соло концерт бил тотално фијаско.

„Многу битно, за разлика од тебе не сум заебал луѓе и разделил бендови ( Скипи и Тајзи ) и после користење фрлил во ѓубре како непотребен материјал. Другарите мои со кои што сум израснал сеуште сум со нив за разлика од тебе што го заеба цело кру Скит и Токсикологија, скаран си и со кумовите ако не се лажам исто така“, пишува Панчо во својот фејсбук статус.

Исто така Панчо уште еднаш ја покажа својата широкодушност и покрај навредите од Слаткар тој му порача дека доколку му треба помош слободно може да го побара, бидејќи, како што пишува Панчо, не го гледа како конкуренција.

„Ливерпул и Пјаченца неможе да играат во иста лига. На крај ти посакувам вистински од срце , среќа и успех, не е битно што ти ми мислиш и посакуваш.ПС - Колку и да сум “НЕТАЛЕНТИРАН” и “ЛОШ”, за разлика од тебе не пеам ПЛЕЈБЕК“, пишува Панчо.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата