(Видео) Авион во Торонто за влакно избегна судир со автомобил

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Авион во Торонто за влакно избегна судир со автомобил

Камерата поставена во автомобил регистрираше застрашувачки момент кога помал авион речиси зафати преден тел од возило кое се движеше по улица со густ сообраќај во Торонто.

Полицијата соопшти дека авионот ја загубил контролата веднаш по полетувањето од пистата на аеродромот Батонвил во Маркхам.

Инспекторите велат дека авионот не ја достигнал посакуваната висина за време на полетувањето па паднал преку оградата. Леталото едвај ги избегнало автомобилите на пат во близина на автопатот 404 во Торонто.

Видеото покажува дека авионот летал опасно ниско над патот, а едно од неговите крила речиси удрило во автомобил во движење.

„Прилично е неверојатно како авионот не го зафати возилото што се движеше кон него“, изјавил полицаецот Дејв Мичел.

Авионот кој бил во приватна сопственост, потоа, се урнал во ров на другата страна на патот.

Според полицајците, на авионот е видливо материјално оштетување кај носот и на страните.

Мичел открил дека во авионот биле инструктор и ученичка кои се повредени.

Од Канцеларијата за безбедност на транспортот во Канада, велат дека ја испитуваат несреќата. Еван Таскеш, шеф на истражувачкиот тим истакнал дека инструкторот и ученичката се обидела да направат трик „допри и замини“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата