Ченто: Еден ден ќе огрее сонцето на слободата

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ченто: Еден ден ќе огрее сонцето на слободата

Како дел од обвинетите за настаните во Собранието на 27ми април обвинетиот Јане Ченто беше осуден на 15 годишна затворска казна за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Откако Обвинителството побара мерка притвор за осудените, Јане Ченто не побара да се брани од слобода до правосилност на пресудата.

Тој пред Судот кажа деа секако ќе биде напишана некоја службена белешка со која ќе биде вратен во притвор.

-Не се плашам од затворот. Вие ме осудивте, историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе огрее сонцето на слободата. Да живее Република Македонија, рече Ченто.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата