Пешов: Моето семејство нема леб да јаде, каде би бегал?

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пешов: Моето семејство нема леб да јаде, каде би бегал?

Денеска судот донесе пресуда за настаните во Собранието на 27ми април. Како еден од обвинетите, раководителот на одделот за посебни единици во полицијата Митко Пешов за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста доби 15 години затворска казна.

Откако Обвинителството побара притвор за осудените, Пешов пред судот кажа дека се приклучува кон исказот на својот адвокат за неопределување мерка притвор.

„Каде би бегал? Моето семејство нема леб да јаде, не знам како би бегал“, рече Пешов.

Митко Пешов пред Судот потенцираше дека доколку Апелациониот суд ја потврди казната затвор подготвен е да ја издржи до последниот ден.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата