Пепиќ: Остајте ме да си седам со ќерката

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пепиќ: Остајте ме да си седам со ќерката

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за настаните од 27 ми април во Собранието.

За терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, обвинетиот Мунир Пепиќ доби 15 години затвор, а обвинителството побара да му биде одредена мерка притвор. 

Пепиќ побара од Судот да не го уважи барањето на Обвинителството и истакна дека има три деца и замоли да остане со своето семејство.

„Најголемо задоволство е да ја имам мојата ќерка во скутот“, рече Пепиќ и потенцираше дека неговото семејство е неговото срце.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата