Колкава е веројатноста да ви го украдат телефонот, а колкава да го загубите?

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Колкава е веројатноста да ви го украдат телефонот, а колкава да го загубите?

Има поголеми шанси телефонот да го загубите дома, отколку некој да ви го украде…

Компанијата Prey изработува мултиплатформски решенија за следење на изгубени мобилни телефони преку апликации за лаптопи, таблети и мобилни уреди, а ја користат повеќе од осум милиони луѓе ширум светот.

Компанијата што успешно работи веќе десет години одлучи да го искористи искуството и податоците со кои располага за да состави еден интересен извештај. Врз основа на овие податоци, компанијата анализираше 829 случаи на изгубени и украдени уреди, а резултатите би можело да бидат многу корисни.

Компанијата издвојува шест примери во својот извештај: изгубен уред, кражба од џепчија, кражба во домот, пљачка, разбојништво во автомобил и разбојништво во деловни канцеларии. Извештајот ги нуди следниве резултати:

Во поголемиот број случаи, луѓето едноставно забораваат каде го оставиле уредот.

Се чини дека сами на себе сме си најголеми непријатели. Во 69,12% од случаите, самите корисници се виновни за губење на уредот, а за кражба се работи во 30,88% од случаите.

Мора да бидеме внимателни во јавност, без разлика дали сме на улица, во јавен превоз, канцеларија или во училиште. Фактот дека ги познавате тие места не треба да ви дава чувство на сигурност: кога сме најопуштени, најмалку внимаваме.

Извештајот исто така покажува на кои места се случуваат најмногу незгоди поврзани со мобилните уреди.

Во случај на „губење“ на телефонот, најчесто „место за злосторството“ е нашиот дом.

Во случај на кражба, најмногу треба да се внимава по улица и во јавен превоз, што е очекувано, но не треба да се опуштаме ни на работното место или во училиште.

Кога станува збор за пљачка, ситуацијата е малку поинаква. Повеќе од половина од случаите на кражба се преку провала во домот или пљачка на улица од џепчија.

Дури и во овие навистина сериозно ситуации, има и смешни моменти. Вработените во Prey ги истакнуваат следниве анегдоти:

  • Пијан корисник го ставил мобилниот телефон во фрижидер кога се вратил дома од луда забава и следниот ден го пријавил за изгубен.
  • Поранешен вработен ја лажирал сопствената смрт за да го земе службениот лаптоп.
  • Средношколец му го украл мобилниот телефон на професор.

Најдобро е секој да си извлече свој заклучок од резултатите од оваа анализа, но едно е сигурно: внимавајте на своите мобилни уреди бидејќи гаранцијата не покрива губење.

Извор: B92.net

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата