Новиот трендинг предизвик #TrashTagChallenge пристигна во Македонија

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новиот трендинг предизвик #TrashTagChallenge пристигна во Македонија

Светот конечно доби корисен предизвик кој може многу да го промени начинот на живот и свеста на луѓето. На социјалните мрежи тренд е хаштагот #TrashTagChallenge.

Сите кои што сакаат да учествуваат во предизвикот потребно е со хаштагот #TrashTagChallenge да објават две фотографии. Една фотографија од локација со отпад и втора фотографија со вреќи во кој е собран истиот.

Овој предизвик стана тренд па луѓе наоколу во светот објавуват фотографии на социјалните мрежи и ја подигаат свеста за почиста околина.

Младите во Македонија постојано ги следат овие тренд предизвици, а овој пат први започнаа „Бизнис Каталог“ кои наместо after work party организираа работна акција и исчистија дел од отпадот во Општина Кисела вода.

“Ова е само мал дел од ѓубрето кое мора да го исчистиме. Општина Кисела Вода остатокот ви го препуштаме вам!„

Исто така тие ги предизвикаа сите општествено одговорни компании да се приклучат во предизвикот.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата