Босанка секој ден оди во џамијата во Нов Зеланд, но на денот на нападот ја спречил дождот

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Босанка секој ден оди во џамијата во Нов Зеланд, но на денот на нападот ја спречил дождот

Најмалку 49 лица загинаа во градот Крајстчрч во Нов Зеланд, при вооружениот напад во две џамии. Како што информираат светските медиуми, овој број би можел да се зголеми.

Како што пренесува хрватски „Индекс“, амбасадорот на БиХ во Австралија, Мирза Хајриќ, за „Дневни аваз“ зборувал за нападот во Нов Зеланд, за кој рекол дека многу ги вознемирил Бошњаците кои живеат таму.

„Во Нов Зеланд, можно е да доживеете земјотрес или друга природна катастрофа, но на вооружен напад каков што се случи во џамиите, досега немаше повод ниту да се помисли. Ова е земја во која се зборува на 160 јазици, во која живеат 200 нации, во која нема национална или расна омраза. Нападот, кој се случи особено ги вознемирени Бошњаците и во Нов Зеланд и во Австралија особено поради фактот дека напаѓачот го извршил масакрот со слушање на четнички песни кои повикуваат на колење и убивање“, изјавил Мирза Хајриќ.

Хајриќ тврди дека во Крајстчрч живеат две бошњачки семејства. Притоа додал дека семејствата на Фатима Кафеџиќ и Рефик Шабиќ се живи и здрави.

„Фатима е редовен посетител на џамијата во која се случи масакрот. Утрово поројниот дожд ја спречил да појде на молитва, така што може да се каже дека божја волја е што таа преживеа. Јас сум во контакт со нашите луѓе. Тие се вознемирени. Овде во Австралија има многу луѓе, особено од Сребреница, кои масакрот во Нов Зеланд, извршен со четнички песни, ги потсети на она што го преживеале во 1995 година. Постојано ми бараат, заинтересирани се за повеќе информации, бидејќи стравуваат за за своите пријатели и познаници кои живеат во Нов Зеланд“, изјавил Хајриќ за „Дневни аваз“.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата