Шести месец по ред пад на продажбата на автомобили во ЕУ

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шести месец по ред пад на продажбата на автомобили во ЕУ

Продажбата на автомобили во Европа бележи пад и во февруари, што е шести месец по ред. Сепак, позитивните резултати на водечките пазари – Германија, Франција и Обединетото Кралство – укажуваат дека на повидок е променa, објави њујоршката агенцијата „Блумберг“.

Регистрирањето на нови автомобили во февруари спаднало на 1,114 милиони единици, што е намалување за 1,0 отсто во споредба со 1,125 милиони од истиот период минатата година, се вели во соопштението на Европската асоцијација на производители на автомобили, а пренесува агенцијата АП.

Иако продажбата во Германија, Франција и Велика Британија бележи раст прв пат по септември минатата година, регистрирањето на нови автомобили падна дури за 8,8 отсто во Шпанија и за 2,4 отсто во Италија.

Сепак, февруарскиот пад на продажбата е најнизок од септември минатата година, кога продажбата остро се намали по влегувањето во сила на новите европски правила за тестирање и мерење на емисиите на штетни гасови.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата