НАСА загубила 74 научници - ПОЧИНАЛЕ „СЛУЧАЈНО“ ИЛИ ПАК ИЗВРШИЛЕ САМОУБИСТВО

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАСА загубила 74 научници - ПОЧИНАЛЕ „СЛУЧАЈНО“ ИЛИ ПАК ИЗВРШИЛЕ САМОУБИСТВО

Само во последните неколку години, НАСА загубила 74 научници, кои што починале „случајно“, или пак извршиле самоубиство.

Меѓу нив е Алберто Бехар кој го загуби животот во авионска несреќа во 2015-та година во Лос Анџелес. Бехар беше водечки експерт кој пронајде докази за присутност на вода на Марс, беше експерт и за роботика кој истражуваше како роботите би можеле да функционираат во екстремни услови.

 

Навистина звучи чудно што во последните неколку години, 74 научници на НАСА починале, па ова предизвика поставување на многу прашања. Заедничко кај сите е што сите биле врвни инжинери или медицински експерти и сите ги загубиле животите во, како што велат теоретичарите на заговори, нејасни околности.

 

 

 

Мелиса Кетунути била пронајдена запалена во нејзиниот дом, што е навистина чуден начин за самоубиство, иако не и невозможен. Глен Томас и Јеп Ланге биле на летот МХ17 кој го соборија руските сепаратисти над Украина во 2014-та година.

 

Од сите научници кои го загубиле животот, најконтроверзна е трагичната смрт на инжинерот Шејн Труман Тод во 2012-та година, чие што тело било оставено во мртовечница во Сингапур. Во тоа време Труман развивал посебен уред за Кина за кој се говорело дека е одбранбено оружје. Неговото семејство открило дека тој бил загрижен за својот живот, затоа што со својата работа наводно ја загрозувал американската национална безбедност.

 

 

 

Од неговото семејство започнале и кампања за да ја дознаат вистината, а иако кинеските власти им ветиле дека ќе откријат дали станува збор за убиство или самоубиство, тие никогаш не ја дознаа вистината.

 

После смртта на така голема бројка на научници од кои сите „спроведувале важни научни експерименти“, секако е дека ќе се појават разни сомнежи и теории на заговор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата