Tуморот прекрива повеќе од половина од нејзиното лице, но таа не се предава

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Tуморот прекрива повеќе од половина од нејзиното лице, но таа не се предава

Алин Церквирија Леит од Тренс Риос, Бразил, тврди дека туморот кој ѝ прекрива повеќе од половина лице – воопшто не ѝ пречи. Таа има неврофиброматоза, генетска болест при која поради генетска мутација се создава неизлечлив тумор, а неодамна ѝ се прошири на очите, носот и устата.

Оваа мајка на три деца во текот на годините имаше неколку помали операции за да се намали бенигниот тумор и да се спречи неговиот понатамошен раст, но сега лекарите велат дека е премногу опасно да се оперира, пред сè, поради можноста за губење на видот.

Во Велика Британија, 3.000 луѓе имаат неврофиброматоза или NF1, а дури 100.000 луѓе во САД имаат некоја промена или израсток на кожата. Кај Алине станува збор за маса врзивно ткиво кое се појавило кога имала само три години.

„Поради туморот лицето ми е малку тешко, но инаку не ми пречи, не размислувам за тоа премногу“, вели Алин, додавајќи дека нејзиното лице било уште поголемо,но последната операција што ја имала спречила едната страна на лицето целосно да биде обесена. Неодамна Алин требаше да има уште една операција за намалување и подигање на усните и ушите, но откако помина 200 километри за да стигне до болница во Рио, лекарите ѝ рекоа дека операцијата може да го уништи очниот нерв.

No Алин не се предава, иако не се надеваше на таква дијагноза.

„Јас сум горда на неа затоа што никогаш не се откажува, а сигурно не ѝ е лесно. Покрај тоа, таа се грижи за нас и со радост го очекува секој нов ден“, кажа ќерката на Алин, Ана.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата