Од минатиот месец, Австралија забрани влез во земјата за луѓе кои биле осудени за семејно насилство.

На овие луѓе визата ќе им биде одбиена или ќе бидат вратени од границата. Новиот закон стапи на сила на 28 февруари и предвидува дека секој кој бил осуден на повеќе од 12 месеци затвор за семејно насилство нема да може да ја премине границата.

„Како нација треба да се држиме заедно и на ниту еден начин да не го толерираме семејното насилство. Ова е ефикасен начин за јавно да го демонстрираме тоа. Таквото однесување мора да има последици и нашата организација го поздравува законот“, рекла основачката на здружението за права на жени „РајзАп“.

Според статистичките податоци на австралискиот институт за здравство, една од шест жени доживеала физичка или сексуална злоупотреба од страна на свој сегашен или поранешен партнер. Повеќе од 54 проценти од жените доживеале насилство повеќе од еднаш.

 

извор: Makfax

2

Најчитани вести