Словенечкото Министерство за внатрешни работи објави дека наредиле протерување на тројца граѓани на БиХ кои поради врски со исламистичките кругови претставуваат закана за безбедноста.

„Во овој момент можеме да кажеме дека на предлог на љубљанската полицијаим е откажано право на престој на тројца државјани на БиХ со постојан престој во Словенија за загрозување на државната безбедност, јавната безбедност и јавниот ред”, наведува Министерството за внатрешни работи.

Според телевизиската станица ПОП-ТВ, станува збор за тројца мажи кои биле во контакт со џихадистот Билал Босниќ кој регрутирал џихадистички борци за војната во Сирија.

Споменатата тројка ќе биде протерана од земјата бидејќи е установено дека активно го поддржуваат верски инспирираниот насилен екстремизам и тероризам, како и за поддршка на употребата на насилство за остварување на политички, верски и идеолошки цели.

Според прописите, во Словенија нема да им биде дозволено да се вратат пет години.

извор: Makfax

11

Најчитани вести