Затореник од САД побегнал од затвор, полицијата го фатила, па повторно им избегал со нивно возило

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Затореник од САД побегнал од затвор, полицијата го фатила, па повторно им избегал со нивно возило

Американската полиција трага по 30-годишниот затвореник Тревис Ли Дејвис, кој е во бегство. Тој, наводно, киднапирал жена и украл полициски автомобил, објави каналот Еј-би-си њуз.

Дејвис во саботата навечер побегнал од затвор во Мисури.

Полицијата во средата го пронашла и уапсила на паркинг во Оклахома, на речиси 560 километри од затворот од кој успеал да избега, откако една жена пријавила дека е киднапирана.

Додека полицијата разговарала со жртвата на Дејвис, тој седел на задното седиште од полициски автомобил, со врзани раце. Сепак, успеал да се префрли на возачкото седиште и да избега со службеното возило.

Дејвис возел околу 3 километри, потоа се забил во дрво и пеш го продолжил бегството.

Полицијата соопшти дека можеби скокнал во возот кој минувал во близина.

Иако полицајците темелно ја пребарале областа, не пронашле јасни показатели каде би можел да се наоѓа Дејвис.

„Можно е тој да побегнал со товарниот воз. Сепак, луѓето во оваа област треба да ги заклучуваат врататите и да бидат внимателни со непознати“, се вели во соопштението на полицијата.

Во него се апелира до возачите да не им застануваат на автостопери и истите да ги пријават во канцеларијата на шерифот.

Дејвис, кој се смета за многу опасен, е обвинет за киднапирање и семејно насилство. Исто така, се товари за отпор при апсење и кршење на условната казна.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата