СВЕДОШТВА ЗА МАСАКРОТ ВО ЏАМИИТЕ: Насекаде имаше крв и мртви тела

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СВЕДОШТВА ЗА МАСАКРОТ ВО ЏАМИИТЕ: Насекаде имаше крв и мртви тела

Очевидците на масакрот во џамииите во Нов Зеланд во шок и вознемиреност, пред медиумите ги раскажаа првите впечатоци по терористичкиот напад за време на петочната молитва.

Нур Хамза (54) од Малезија рече дека со други луѓе истрчал од џамијата кога почнало пукањето, пренесе „Њу Зеланд хералд“.

Се скриле зад најблискиот автомобил. Потоа во џамијата влетала вооружана полиција, а Хамза вели дека видел мртви тела на влезот во џамијата. Кога погледнав низ прозорецот во џамијата, видов голем број тела.

„Ројтерс“ го пренесе сведочењето на друг очевидец кој раскажува дека напаѓачот носел шлем и заштитен елек.

„Имаше голема пушка. Влезе и почна да пука врз сите во џамијата, насекаде“, рече Ахмад Ал-Махмуд, кој со уште неколку верници излегол низ стаклената врата.

Радио „Њу Зеланд“ ги пренесе зборовите на третиот очевидец кој раскажа дека слушнал пукање и видел најмалку четири лица како лежат на подот, а насекаде имало крв.

Махмуд Назер раскажа за една телевизија дека од напаѓачот се сокрил под клупата.

„Го молев Бог да го сопре овој човек“, изјави Назер за ТВНЗ.

„Пукањето продолжуваше. Едно лице пред нас беше погодено во раката“, додаде тој.

Во терористичкиот напад загинаа најмалку 49 лица, а десетици се повредени. Уапсени се 4 лица. Од она што досега е познато, главен напаѓач е Брентон Тарант кој дошол од Австралија во Нов Зеланд за да го изврши нападот.

извор makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата