МИЛЕНИКОТ НА ВЛАСТА СО УЛТРАПРОФИТИ: Макпетрол во 2018. заработил 260% повеќе од 2017

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МИЛЕНИКОТ НА ВЛАСТА СО УЛТРАПРОФИТИ: Макпетрол во 2018. заработил 260% повеќе од 2017

Макпетрол АД Скопје за периодот јануари-декември 2018 оствари вкупен приход во износ од 22,0 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 3,2 милијарди денари, односно остварен е пораст од 17,0%. Во структурата на приходите, најголем удел имаат приходите од продажба со учество од 98,6%, коишто приходи се остваруваат 93,7% со продажба на домашниот пазар.

Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 21,1 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за 2,7 милијарди денари или 14,4%.

Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 854,9 милиони денари, односно добивка по оданочување во износ од 778,1 милиони денари, која е 2,6 пати (260%) поголема од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 301,8 милиони денари.

Да се потсетиме, Макпетрол е сопственик и на провладината ТВ Телма

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата