Потерници на Интерпол за 20 осомничени за убиството на Кашоги

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Потерници на Интерпол за 20 осомничени за убиството на Кашоги

Турското министерство за правда соопшти дека Интерпол издал црвени потерници за 20 лица кои турското правосудство ги бара во врска со убиството на саудискиот новинар, Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.

Наведено е дека турските власти од Интерпол, на 15 ноември, побарале објавување на потерници за 18 лица, а за уште двајца на 21 декември.

Налози за апсење на осомничените Турција издала на 1 март.

Процесот против 11 осомничени почна во Саудиска Арабија во јануари, а обвинителството за 5 од нив побара смртна казна.

Телото на новинарот уште не е пронајдено.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата