Николовски: Мотивот за гласање е голем - ако победи Сиљановска ТОА ЗНАЧИ ПАД НА ВЛАДАТА И БРЗИ ИЗБОРИ

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николовски: Мотивот за гласање е голем - ако победи Сиљановска ТОА ЗНАЧИ ПАД НА ВЛАДАТА И БРЗИ ИЗБОРИ

Во своето гостување во емисијата „И што сега“ на МРТ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски повикувајќи се на изјавата на Заев, истакна дека победата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, ќе значи пад на владата на Заев.

Николоски е убеден дека Пендаровски ќе ги загуби претседателските избори и се надева дека во најкус можен рок ќе се случат предвремените парламентарни избори.

Јас во однос предвремени избори го следам она кое што го кажа Зоран Заев. Тој денеска спомена дека доколку Стево Пендаровски изгуби, Владата ќе падне и ќе се случат предвремени избори. Еве да го држиме за збор, Пендаровски ќе изгуби на претседателските избори и се надевам дека Заев ќе си го одржи зборот. Односно победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори значи пад на владата на Заев и значи вовед во парламентарни избори кој што се надевам ќе се случат во најкус можен рок, вели Николоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата