СКАНДАЛОЗНО: Министрите Шекеринска и Димитров избегаа од ТВ дуел со Александар Николовски

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКАНДАЛОЗНО: Министрите Шекеринска и Димитров избегаа од ТВ дуел со Александар Николовски

Во вечерашното гостување на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во дебатната емисија „И што сега“ на МРТ, Николоски беше сам, и покрај поканата до Шеќеринска и Димитров, тие рекле дека иако се подготвени за соочување, неможат да се прилагодат со термините за реализација на емисијата.

Николовски на ова додаде:

Мене ми е жал, еве колку што сум информирам веќе трета недела се обидуваме да се соочиме или со Шеќеринска или со Димитров, но и едниот и другиот бегаат, рече Николовски.

Тој ја потсетува јавноста дека последен пат кога еден од нив собра храброст за дуел или дебата, тоа беше пред референдумот.

Од тогаш избегнуваат не само на Националниот сервис, туку и на приватните телевизии да се соочат со мене, веројатно им е страв дека аргументите се на моја страна, потенцираше Николовски.

Но, фактите говорат поинаку: минстрите Шекеринска и Димитров НИКОГАШ досега во својот мандат не се осмелиле да излезат на ТВ дуел со ниту еден висок функционер на опозицијата од ВМРО ДПМНЕ, па така беше и сега - избегаа

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата