Тони Јакимовски уапсен за ново кривично дело

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тони Јакимовски уапсен за ново кривично дело

Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, е на распит за ново кривично дело поврзано со злоупотреба на службената положба и овластување. Според извори на истрагата, Обвинителството бара притвор за Јакимовски.

Тој денеска бил приведен по распит за случајот на СЈО „Таргет-Тврдина“ за нелегално прислушување. Јакимовски се товари за проневера на голема сума пари, а вкупно биле приведени четири лица.

Тој е обвинет и за уништување на опремата од нелегалното прислушување, вредна 10 милиони евра. Првоосомничен е Горан Грујовски, кој беше началник на Петтата управа на МВР, а кого министерот Митко Чавков го разреши на 20 јули, второосомничен е Јакимовски, третоосомничена е ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата