Јордан Митев реши да „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јордан Митев реши да „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“

Миленикот на домашната публика, фолк пејачот Јордан Митев вчера во родниот Радовиш го заврши снимањето на видеото за спотот на неговата последна објавена песна „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“. Во кадрите од видеото кое треба да отсликува кафеанска атмосфера, а кое фолкерот го работеше со Арт продукција, освен Јордан се појавуваат и голем број статисти. 

Според најавите промоцијата на видеото би требало да се случи наскоро, а интересно е дека Јордан најавува уште еден видео запис кој, дознаваме, би требало да се снима надвор од нашите граници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата