Тел Авив ги презеде првите чекори кон обезбедување помош за пешаците кои не тргаат поглед од нивните паметни телефони со вградување на ЛЕД стоп светла на пешачките премини.

Во понеделникот општината инсталирала т.н. „зомби-семафори“ за да ги минимизира несреќите меѓу возилата и невнимателните пешаци на пешачките премини, објави агенцијата АП.

Томер Дрор, шеф на одделот за управување со сообраќај во општина Тел Авив-Јафа, вели дека целта е да се намалат несреќите предизвикани од пешаците кои се премногу фокусирани на своите паметни телефони, а помалки на случувањата и сообраќајот околу нив.

Слични системи веќе се користат во Австралија, Сингапур и Холандија.

Засега, пилот-програмата е ограничена на една крстосница во централниот дел на Тел Авив, но од општината велат дека ќе ги прошират „зомби-семафорите“ доколку се докажат како ефикасни.

извор: Makfax

1

Најчитани вести