Со месеци го повикуваше, сега - го дочека: МИЦКОВСКИ ЌЕ ИМА ТВ ДУЕЛ СО ЗАЕВ

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со месеци го повикуваше, сега - го дочека: МИЦКОВСКИ ЌЕ ИМА ТВ ДУЕЛ СО ЗАЕВ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсубк профил објави статус со кој ја прифаќа понудата на премиерот Заев за ТВ дуел дадена во текот на вчерашното интервју за емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Имено, премиерот на прашање од новинарката истакна дека дебатата е добар процес за демократијата и дека би прифатил дуел со лидерот на опозицијата во било кое време и на било кој медиум под било кои услови кои се правични и фер за двајцата лидери.

- Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност.

Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата.

Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања.

Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми.

Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен!, напиша Мицкоски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата