Чак Норис го предупреди Лукашенко: Престани со тоа што го правиш или ЌЕ ДОЈДАМ И ЌЕ ТЕ РАСПЛАЧАМ (ВИДЕО)

15.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чак Норис го предупреди Лукашенко: Престани со тоа што го правиш или ЌЕ ДОЈДАМ И ЌЕ ТЕ РАСПЛАЧАМ (ВИДЕО)

Американскиот глумец, познат по улогите во акционите и филмовите со боречки вештини, Чак Норис, сними видео порака претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, чија официјална победа на минатонеделните претседателски избори во Белорусија е оспорена од опозицијата и граѓанството во земјата, како и од меѓународната заедница.

Норис го нарече Лукашенко „Саша нула проценти“, „господин бубавшаба“ и го повика да запре со насилството против демонстрантите во неговата земја.

Кога јас сечам кромид, кромидот плаче. Ако не престанеш да го правиш тоа што го правиш сега, тогаш ќе дојдам кај тебе во една од твоите резиденции и ќе те расплачам – му порача Норис на Лукашенко.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата