Џоди Фостер откри дека и колегите се плашеле од Хопкинс

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џоди Фостер откри дека и колегите се плашеле од Хопкинс

Од култниот филм „Кога јагнињата ќе стивнат” поминаа 27 години, а и денес е еден од најдобро снимените трилери со хорор елементи. Филмот се базира на романот на Томас Харис, неговиот втор дел за д-р Ханибал Лектор, брилијантен психијатар и канибал-сериски убиец.

Филмот освои пет Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм како единствен хорор што ја освои главната награда. Најважната улога во филмот ја толкува извонредниот Ентони Хопкинс, кој со своите експресии, фрази и погледи во речиси секој гледач успеа да внесе страв во коски, но како што се дознава, гледачите не се единствените кои се плашеле од него.

Меѓу поисплашените за време на снимањето беше тогаш 29-годишната Џоди Фостер, која ја играше ФБИ-студентката Кларис Старлинг.

„Всушност, филмот не ме исплаши толку колку што ми беше страв да Ентони Хопкинс“, објасни Фостер, додавајќи дека поради тоа дури не можеле да снимаат заедно сцени во кои и двајцата треба да се појават во кадарот.

Сцените во кои Фостер разговара со Ентони беа снимани одделно, па ги спојуваа во монтажа.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата