ЧЕСТИТКИ И СО СРЕЌА: Ване и Дунавка се ВЕРИЈА (ДЕТАЛИ)

14.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЧЕСТИТКИ И СО СРЕЌА: Ване и Дунавка се ВЕРИЈА (ДЕТАЛИ)

Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, екс директорот на Агенцијата за спречување перење пари се верија. Тие за mms.mk екслузивно открија уште еден убав момент – дека се вериле во авион на 10.000 метри, на пат кон Турција, а веќе се прават и подготовки за свадба.

- Со Ване се познавам две години, ама онака, од видување, излегувавме на исти места. Тој не е мој профил на дечко, сум го гледала со други очи, на поинаков начин. По две години за славата Свети Никола, братучед ми правеше голема журка и Ване дојде со друштво. И толку беше. Некаде по Денот на жената му се јавив, ама си прававме обичен муабет. Потоа, тој ми честиташе Велигден. Од тие неколку разговори сфативме дека многу работи исто размислуваме, дека важни ни се исти вредности, почитување дом, во поглед на животот, ист стил на живот“, вели Дунавка.

По ова следуваат плановите за свадбата, која нема да биде вообичаена, туку во фази. Постојат два датуми за славење на љубовта, со малку гости и нивните омилени пејачи. На едниот датум ќе се слави љубовта во Охрид, а на другиот во Турција. Но, за тоа кога ќе дојде време, кога сите планови ќе бидат организирани, бидејки засега само фустанот е одбран.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата