Во фантастично прво полувреме, германскиот шампион Баерн (М) обезбеди предност од 4:1 над Барселона во супер-пресметката во четврфиналето на Лигата на шампионите. Максимално расположените Германци го „растурија“ шпанскиот вицешампион во секој сегмент од играта, а особено се истакнуваа напаѓачите за кои каталонската одбрана немаше решение.

Сетиен имаше страшни проблеми со четворката во последната линија од одбраната, која наликуваше на швајцарско сирење, а тоа само им одеше во прилог на Германците за да постигнат 4 гола во првиот дел, а можеа најмалку уште еден.

Серијата ја отвори Милер (4′), по што барселона с еврати со автоголот на Алаба (7′).

Следуваше нов налет на баварците. Перишиќ (21′) и Гнабри (27′) зголемија на 3:1, а Милер со својот втор гол (31′) ги фрли каталонците во очај.

 

Останува да видиме дали Барса може да се врати од овој нокдаун во Лисабон.