КРУНОСЛАВ КИЧО СЛАБИНАЦ ВО КОМА - Легендарниот пејач се бори за живот

14.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КРУНОСЛАВ КИЧО СЛАБИНАЦ ВО КОМА - Легендарниот пејач се бори за живот

Пејачот Крунослав Кичо Слабинац се наоѓа во индуцирана кома и неговиот живот е во опасност, јавуваат медиумите во Хрватска.

Слабинац претрпел рутинска операција, но работите се искомплицирале. После првите, следувале уште две операции. Последните денови ги минал на одделението за интензивна нега на Универзитетскиот болнички центар Загреб.

- Сите очекувавме дека за неколку дена ќе излезе и дека сè ќе биде добро, а потоа дознав од моите пријатели, од Иван, неговиот син, дека ситуацијата не е како што треба. Денес дознав дека тој бил на респиратор. Сега зошто, што, не знам. Му праќам пораки секој ден, но гледам дека тој не ги отвора - рече со солзи за РТЛ Душко Локин, неговиот менаџер во странство и долгогодишен пријател.

Крунослав Кичо Слабинац неодамна прослави 50 години соло кариера. Тој пееше сè, од рок до народна. За него се вели дека е најголемиот шоумен на својата генерација, а неговите пријатели се надеваат дека заради неговиот весел и оптимистички дух, тој ќе ја победи болеста.

- Кико е одличен оптимист. Одлично. Само неговите најблиски пријатели го знаат тоа, и мислам дека тој повторно ќе излезе победнички од сето ова. Затоа што по мозочниот удар, ова би било фантастично. ас него го чекам. Кичо драг, јас те чекам - рече Локин.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата