Бил Гејтс даде одговор КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА КРАЈОТ НА КОРОНАВИРУСОТ

14.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бил Гејтс даде одговор КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА КРАЈОТ НА КОРОНАВИРУСОТ

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, зборуваше за вакцините против коронавирусот и теориите на заговор кои го засегаат лично, а истите сега се шират повеќе од кога било поради неговата активност во пронаоѓањето на вакцина.

Гејтс досега инвестираше 350 милиони американски долари во развој на вакцини против коронавирусот и рече дека не верува дека пандемијата ќе заврши до крајот на 2021 година. Тој додаде дека не верува многу во вакцините кои први ќе се појават.

- Првите вакцини нема да бидат идеални кога станува збор за ефикасност против болеста и пренесувањето. Можеби нема да имаат долготраен ефект и најмногу ќе се користат во богатите земји. Ќе бидеме среќни ако ги има доволно до крајот на оваа година - рече Гејтс.

Кога станува збор за бројните теории на заговор кои го поврзуваат со пандемијата на коронавирус, како и неговите мотиви за финансирање на развојот на вакцината, Гејтс вели дека тие ги искривиле неговите вистински мотиви, затоа што тој вложува пари за да спаси животи.

- Тоа е чудно. Теоретичарите на заговор го земаат фактот дека јас сум вклучен во развојот на вакцината и го извртуваат. Значи, во нивните теории, наместо да тоа што давам пари за да спасам животи, јас  давам за да се одземат. Ако тоа влијае на луѓето што не сакаат да ја примат вакцината или не носат маски, тогаш тоа е голем проблем - рече Гејтс.

Гејтс додава дека не верува дека вакцинацијата треба да биде задолжителна, освен ако станува збор за луѓе кои работат со постари лица.

- Кога нешто е задолжително, често може да има спротивен ефект од очекуваното - вели тој.

Toj додаде дека иновациите во терапиите ќе започнат да ја намалуваат стапката на смртност, но вистинскиот крај ќе пристигне од ширење на природни инфекции и вакцината, тоа ќе ни даде имунитет на стадо. Додаде дека крајот во богатите земји ќе биде идеално во почетокот на 2021 година, а за другите на крајот на истата.

На прашањето дали ќе бидеме во ред тој изјави, секако, имаме среќа што ова не е пофатална болест.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата