Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив продолжува со креирање на „костурот“ за новата сезона, во која ќе има нов предизвик – учество во АБА2 лига, во која ќе биде и МЗТ Скопје.

Ново име во таборот на Работнички е Девон Вашингтон. Станува збор за 31-годишен кошркар кој игра на позицијата крилен-центар. Вашингтон минатата сезона настапуваше во унгарскиот шампионат за тимот на Фалко.

Во својата кариера новото засилување на „црвено-белите“ има настапувано во Франција, Турција, Уругвај, Австрија, Бугарија и Грција.

За постетување, Работнички претходно го договори Американецот Питс, Марјан Младеновиќ, Кирил Николовски, Виктор Ефремовски и Стефан Балмазовиќ.