Протест на граѓани во Маџари: Правото на чист воздух и здрава животна средина е ОСНОВНО ЧОВЕКОВО ПРАВО

14.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Протест на граѓани во Маџари: Правото на чист воздух и здрава животна средина е ОСНОВНО ЧОВЕКОВО ПРАВО

Попладнево жителите на Маџари протестираа против „претоварната станица во Вардариште од која што секојдневно се гушат во смрдеа.

Протестираме против секојдневното неконтролирано палење на секакви отпади заради продавање метал во дивите отпади!!! Бараме итно постапување во насока на расчистување на дивата депонија Вардариште и превземање на мерки за надминување на проблемите со отпадите од секој вид, велат граѓаните и додаваат:

„ПРАВОТО НА ЧИСТ ВОЗДУХ И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА Е ОСНОВНО ЧОВЕКОВО ПРАВО И МОРА ДА СЕ БОРИМЕ ДО КРАЈ!!!“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата