КАКО НА ФИЛМ: Србин се качил на клима уредот за да се спаси од пожар (ВИДЕО)

14.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАКО НА ФИЛМ: Србин се качил на клима уредот за да се спаси од пожар (ВИДЕО)

Вистинска драма се случи во населбата Јалија во Зеница откако избувна пожар во стан а сопственикот бил заробен што не можел да излезе надвор низ вратата.

Поради пламенот и високата концентрација на чад, но и температурата, тој морал да избега преку прозорецот и седал на клима уредот, кој се наоѓа на надворешната страна на зградата.

- Тој беше принуден да излезе низ прозорецот кон клима-уредот за да се спаси. Тој веќе беше изложен на густ чад и температура. Кога пристигнавме на местото на настанот, го најдовме на клима уредот, изјави пожарникарот Един Хилиќ.

За брзо време тој бил спасен и пренесен во болницата, а пожарот локализиран.

Тој не крие дека ќе се сеќава на оваа интервенција долго време.

Бројни жители на Јалија им аплаудираа на пожарникарите за нивната храброст, способности и стручност, но и за фактот дека благодарение на нив можат да спијат мирно.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата