Костовски за „Еуростандард“: НЕ НАМЕСТИЈА КАКО ЛУЃЕ ЗА ОТСТРЕЛ

14.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Костовски за „Еуростандард“: НЕ НАМЕСТИЈА КАКО ЛУЃЕ ЗА ОТСТРЕЛ

Бизнисменот Трифун Костовски попладнево како мнозински акционер во Еуростандард банка се појави на прес конференција со неговиот син и ја обвини Народната банка и потесното раководство на управниот одбор на банката за нејзиното пропаѓање.

– Оваа гарнитура на Народна банка е бирократска некомпетентна незрела и не ги познава бизнис тековите. Во случајов за килограм месо убиваш вол. Ние ќе ја спасебвме банката, но не ни се дозволи да работиме една година и затоа сметам дека беше подобро да ни ја одзедоа дозволата пред една година. Не дозволија ниту инвеститорот кој беше заинтересиран да ја извлече банката од криза да ја почне постапката. Инвеститорот требаше да ни даде понуда на 14 август, а стечајот Народна банка го обзнани  стечајот на 12 август.Затоа се сомневам во сценарио ,но и во некомпетентност на Народната банка, изјави Костовски.

Бизнисменот вели дека ова е холокауст од Народна Банка и најави тужби доколку стечајот стапи на сила

–  Ако постоел холокауст јас ова го чувствувам како холокауст од Народна банка бидејќи заедно со нас повлековме цела дузина правни лица. Доколку стечајот биде прифатен и стапи во сила ќе ја тужиме државата за нансена штета на акционерите и коминтентите на банката и доколку го добиеме случајот оштетата ќе биде наменета за покривање на  коминтентите. Ги повикувам сите кои се оштетени од Народна банка да се избориме да владее системот а не  корупцијата. Многу ми е жал за клиентите, јас изгубив 60 до 70  милиони евра, но и тие изгубија многу – рече Костовски.

Костовски истакна дека неговото семејство е доведено во заблуда и голема загуба од поранешниот претседател и членови на Управниот одбор.

– Нашата вина ја лоцираме во изборот на Управен одбор  кога на почетокот се обидовме да ја извлечеме банката, кој нѐ „превезе“. Не се разбирам во банкарство но бев во Надзорниот одбор, а син ми во одделот за кредити.Значи не наместија како луѓе за отстрел. Против поранешниот Упавн одбор ќе поднесеме кривична пријава бидејќи правел малипулативни трансакции. „Каде се парите го прашав првиот човек на Управниот одбор. Тој ми рече во банката. Не ги видов ниту во трезор ниту на конто“, вели Костовски.

Тој рече дека со овој случај семејството Костовски го изгуби угледот и 60 до 70 милиони евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата