По три месеци затишје коронавирусот се шири во Нов Зеланд, продолжен е карантинот за 12 дена

14.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По три месеци затишје коронавирусот се шири во Нов Зеланд, продолжен е карантинот за 12 дена

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, го продолжи карантинот во земјата за 12 дена, откако бројот на случаи во еден кластер се зголеми за 29.

Нов Зеланд досега успешно се справи со вирусот и немаше нови случаи на инфекција 102 дена, јавува Би-Би-Си.

Премиерката рече дека карантинот е продолжен за 12 дена затоа што е потребно повеќе време за да се открие кластерот, а потоа да се изолира.

Според неа, сите 29 случаи се поврзани со еден кластер во Окланд, поради што 38 лица се наоѓаат во карантин.

Таа додаде дека следењето на контактите на заразеното лице покажале дека тој не е поврзан со влегување или напуштање на земјата и посочи дека се очекуваат и нови случаи од истиот кластер.

„Тие ќе растат пред да започнат да опаѓаат. И, може да се случи да бидат поврзани со училиштата, црквите и собирите“, рече премиерката.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата