Motorola подготвува нов RAZR телефон, кој ќе го задржи легендарниот облик, но ќе имплементира флексибилен екран на превиткување.

Според најновиот извештај, Motorola Razr 2019 ќе го користи Snapdragon 710 чипсетот, спарен со комбинациите 4GB/6GB RAM меморија и 64GB/128GB простор за складирање. Уредот ќе го напојува 2730mAh батерија. Главниот, флексибилен екран ќе има 6,2-инчен панел со 2142 x 876p резолуција, додека надворешниот дисплеј ќе има резолуција од 800 x 600 пиксели.

Смартфонот ќе биде достапен во црна, бела и златна варијанта, ќе го носи кодното име Voyager, а според претходните гласини би требало да чини околу 1500 долари.

Засега не е познато кога ќе биде биде објавен новиот Razr, а се сугерира дека на задната страна ќе има сензор на отпечатоци од прсти, како и една камера. Motorola го редизајнираше и Razr логото за претстојната објава, а можете да го видите на фотографијата погоре.

извор: USB.mk

2

Најчитани вести