Германскиот шампион Баерн Минхен не се откажува од идејата да го задржи левиот бек Давид Алаба и покрај високите финансиски барања на Австриецот.

Претставниците на „баварците“ се очекува да се сретнат со агентот на дефанзивецот за време на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Лисабон.

„Пред неколку недели се согласивме да се сретнеме во Лисабон, ако се квалификуваме на турнирот. Дали овој натпревар ќе биде последен? Не знам. Ние отсекогаш рековме дека сакаме тој да остане во Баерн. Мислам дека неговата желба е слична“, изјави претседателот на клубот Карл-Хајнц Румениге.